Куп на Македонија

Вардар и Еурофарм Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), се изврши ждрепката за полуфиналните натпревари во машка и женска конкуренција. 

Најдобрите македонски екипи во моментов, Вардар и Еурофарм Пелистер се избегнаа во полуфиналето, па голема е веројатноста да гледаме мега финале меѓу двата ривали.
 
Вардар во полуфиналето ќе игра против Еурофарм Пелистер 2, а првиот тим на Еурофарм Пелистер ќе се сретне со Бутел.
 
Во женска конкуренција Куманово против Металург и Ѓорче Петров против Чаир се полуфиналните дуели.
 
Натпреварите се играат од 13 до 15 мај во салата Јасмин во Кавадарци.
 
Полуфинални парови во машка конкуренција:
 
13.05.2022 17:00 часот РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 - РК ВАРДАР 1961
13.05.2022 20:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ - РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
15.05.2022 19:30 часот ФИНАЛЕ
 
Полуфинални парови во женска конкуренција:
 
14.05.2022 14:00 часот ЖРК КУМАНОВО - ЖРК МЕТАЛУРГ
14.05.2022 17:00 часот ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК - ЖРК ЧАИР
15.05.2022 17:00 часот ФИНАЛЕ

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе