Лига на шампиони

Вардар храбро се бореше, но не го изненади Кил

Вардар не разочара, црвено-црните беа рамноправен противник во најголемиот дел од мечот, но на крајот Кил победи со 32-30. 

Вардар го врза и шестиот пораз по ред во Лигата на шампионите, но момците на Веселин Вујовиќ овојпат се прикажаа до добро светло и покрај поразот.
 
Кил победи со два разлика, а Вардар може да жали бидејќи во финишот од мечот промаши неколку зицери со кои можеше да избегне пораз.
 
На почетокот од мечот се играше гол за гол, Вардар поведуваше, Кил изедначуваше. Така беше до 5-5 кога Кил почна една серија и поведе со 9-5. Имаа и највисоки 11-6 во првото полувреме, но Вардарци успеаа да се вратат и да изедначат на 13-13. На одморот се замина со водство на германскиот тим од 18-16.
 
Во вториот дел слична слика, на почетокот се играше рамноправно, па Кил се одлепи на највисоки плус седум 26-19. Како одминуваше времето Вардар беше се подобар и подобар, го намалуваше водството, имаше и шанси да избегне пораз, но не успеа, конечниот резултат беше 32-30 за Кил.
 
Анте Кудуз имаше неверојатен меч постигнувајќи девет гола од девет обиди, втор стрелец беше Тото кој постигна пет гола. Томовски имаше 12 одбрани. Ландин 11 пати ја одбрани топката, а најдобар стрелец во составот на Кил беше Сагосен со осум голови.
 
Следен меч на Вардар е во среда на гостински терен кај ППД Загреб.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе