Лига на шампиони

Вардар доби нови термини за натпревари со ПСЖ и Порто

Вардар соопшти дека е договорен нов термин за одложениот меч со ПСЖ, а поместен е и терминот кога треба да се одигра дуелот со Порто. 

Вардар на 1. декември ќе му гостува на ПСЖ, а три дена подоцна ќе го одигра дуелот со Порто.
 
Останува уште да се утврдат датуми за одложените мечеви со Елверум и ПИК Сегед.
 
„Вардар 1961 ќе го одигра својот заостанат натпревар од ЕХФ лигата на шампионите против ПСЖ на 1 декември 2020 во Париз. Клубовите во соработка со ЕХФ договорија нов термин, откако претходно средбата беше одложена поради два случаи на заразени членови на Вардар, а беше планирана за крајот на октомври.

Со тоа ќе одиграме еден од трите одложени натпревари. Останува да се договорат дополнителните термини за дуелите со Елверум во Скопје и ПИК Сегед во Унгарија кои исто така беа одложени на почетокот на сезоната.

Истовремено направена е промена и на терминот за средбата со Порто, исто така гостински натпревар што сега ќе се одигра на 4 декември. Овој меч првично беше планиран за 3 декември. Но, откако беше договорено дека прво Вардар 1961 ќе игра во ПСЖ на 1 декември, договорено е средбата во Португалија да биде поместена за 1 ден.

1 декември 2020 (вторник)
ПСЖ - Вардар 1961   (18,45 ч.)

4 декември 2020 (петок)
Порто - Вардар 1961  (20,45 ч.)“, стои во соопштението на Вардар.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе