Лига на шампиони

Вардар денеска против Елверум го почнува настапот во Лигата на шампионите

Македонскиот шампион Вардар, денеска започнува нова сезона во Лигата на шампионите, прв противник е Елверум, мечот се игра во Осло, Норвешка. 

Вардар има за цел да го поправи впечатокот од минатата сезона и во оваа да биде многу поконкурентен лани. Првиот тест за можностите ќе биде Елверум.
 
Вардарци синоќа отпатуваа во Осло каде денеска со почеток од 18:45 ќе го играат мечот со Елверум.
 
Со екипата не отпатуваа Борко Ристовски, Анте Кудуз и Едуардод Гурбиндо кој е на излезна врата од Вардар. Но во составот се браќата Њокас.
 
„Патуваме за Норвешка каде исто така треба да ги испочитуваме сите Ковид протоколи, а потоа и да играме со екипа која мислиме дека можеме да ја победиме. Јас се уште не ја знам вистинската сила на мојот тим. Неиграњето на Ф4 во СЕХА лигата и два силни меча против европски екипи не ми даваат показател за тимот. Особено што во тимот нема да ги имаме ниту Кудуз ниту Гурбиндо кои сезонава веќе играа на неколку натпревари. Едниот поради повреда, другиот поради некои други причини. Тука се браќата Њокас, кои сепак ќе имаат само еден тренинг и не знам ни во каква физичка кондиција се. Се среќаваме со екипа што игра врвен ракомет како и сите нордиски екипи, играат модерно, доста трчаат, имаат креативни играчи. Ќе биде тежок натпревар. Би било добра првиот чекор во ЛШ да го почнеме со победа, но во овој момент навистина не можам да кажам дека Вардар е фаворит на овој натпревар, иако имаме свои адути и свои шанси и ќе сториме се да го добиеме натпреварот во Норвешка“, вели тренерот Веселин Вујовиќ.
 
Дарко Ѓукиќ знае дека нема да биде лесно во Норвешка, но очекува бодови против Елверум.
 
„Очекуваме тежок натпревар. Тие имаат млада екипа. И лани беше заедно со Вардар во иста група. Најсилна страна на Елверум е нивниот брз центар и нападот. Играат брзо, шутираат многу. Верувам дека ќе освоиме бодови. Се подготвуваме долго. И се надевам во Скопје ќе се вратиме со бодови“, вели Ѓукиќ.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе