Медитерански игри

Убедлив пораз на ракометарите од Шпанија

Македонската ракометна репрезентација го забележа првиот пораз на Медитеранските игри откако денеска со убедливи 31-22 загуби од Шпанија. 

По убедливата победа над Грција и ремито со Алжир, македонските ракометари денеска доживеаа пораз од Шпанија.
 
Македонија беше рамноправна само во првите десетина минути, а потоа Шпанија со серија од 5-0 се одлепи на 13-7, на полувремето Шпанците водеа со 14-8.
 
Во второто полувреме Шпанија дојде до највисоката предност од 25-13, а на крајот го доби мечот со 31-22.
 
Мартин Серафимов со осум голови беше најдобар во нашиот состав.
 
Следниот натпревар на Македонија е утре против Турција од 19 часот.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе