СП 2021

Талески: Доживеавме срамен пораз затоа што не се боревме како што треба

Филип Талески вината за дебаклот од Шведска ја бара во приодот кај самите ракометари, вели дека изговори не смее да има. 

Македонските ракометари синоќа доживеаа тежок пораз од Шведска, еден од најголемите на турнирите.
 
„Не треба да бараме изговор, да бараме алиби за поразот. Не одигравме најдобро, не се државме до тоа што се договоривме пред мечот, а тоа беше да бидеме борбени, да гинеме еден за друг. Доживеавме срамен пораз затоа што не се боревме како што треба“, вели Филип Талески.
 
„Колку што бевме лоши во одбраната, толку бевме лоши и во нападот. Не се враќавме брзо назад, па Шведска разликата ја направи преку тие контри“.
 
„Знаеме дека целата јавност очекуваше и сакаше да одиграме подобро. Сакавме и ние, но понекогаш не можете да го спроведете на дело тоа што го сакате. Потребно ни е време да ја изградиме оваа селекција“.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе