СП ФРАНЦИЈА 2017

Стоилов: Тунис ни е голем должник

Пикерот на македонската ракометна репрезентација, Стојанче Стоилов сака одмазда за поразот од Тунис поради кој Македонија не учествуваше на Олимписките игри во Рио.

Македонската ракометна репрезентација утре го почнува настапот на Светското првенство во Франција, прв противник е Тунис, селекција која не ја паметиме по добро.
 
„Тунис ни е голем должник, последниот натпревар кој го игравме против нив не помина добро, сега имаме шанса да се одмаздиме“ - вели Стојанче Стоилов.
 
„Сега нашата репрезентација е подмладена, новите играчи добро се вклопуваат. Треба да одиграме без притисок, сега за сега се оди како што треба, немаме повредени. Нема предавање на ниту еден натпревар, мора да одиграме максимално борбено против секој противник“.
 
Натпреварот помеѓу Македонија и Тунис се игра утре (четврток) со почеток од 17:45 часот.

Како ќе реагираат Рама, Ахмети и Села ако некој на маса им стави македонска платформа?

повеќе

Нашите умни, работливи и чесни граѓани заслужуваат да имаат излез на „море" што се нарекува светски пазар.

повеќе

Како што транспортниот систем ја дефинира структурата на урбаното „ткиво", така половата поделба ја дефинира структурата на општеството.

повеќе