РФМ соопшти

Славе Николов повеќе не е комесар за натпреварување во РФМ

Одлуката на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) делгирањето на судиите да оди преку натпреварувачката комисија донесе разделба со досегашниот комесар за натпреварување, Славе Николов. 

Тој веќе нема да ја врши оваа функција, на негово место доаѓа Благојче Тодоровски.
 
„Ве информираме дека г-дин Славе Николов поради зголемен ангажман како ракометен судија на национално и меѓународно ниво спогодбено ја раскинаа соработката со Ракометна Федерација на Македонија во делот на спороведување на програмските активности, упатуваме благодарност за досегашната соработка и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера. Согласно член 35 од Статутот на РФМ, односно Член 3 точка 11 од Законот за здружение и фондации во текот на денешниот ден е именуван г-дин Благојче Тодоровски на место на г-дин Славе Николов за член на натпреварувачка комисија во рамки на органите и телата на РФМ,  ракометен меѓународен судија со долгогодишно искуство на национално и меѓународно ниво“, се вели во соопштението на РФМ.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе