Европска лига

Слаба партија на Еурофарм Пелистер во Унгарија, Татабања ги освои бодовите

Еурофарм Пелистер го доживеа третиот пораз во Европската лига оваа сезона откако загуби на гостувањето кај Татабања со 25-21. 

Битолскиот тим очекуваше победа од овој меч бидејќи му гостуваше на последнопласираниот тим во групата Д кој нема шанси за осминафинале. Но планот не беше остварен на теренот.
 
Првото полувреме беше изедначено, двете екипи се менуваа во водство, на одморот се замина со нерешени 11-11.
 
Еурофарм Пелистер добро го почна вториот дел, дојде до предност од два разлика, но финишот им припадна на домаќините кои не само што го свртеа мечот туку на крајот дојдоа и до триумф од четири гола разлика, 25-21.
 
Без Табоада, Велковски и Обрадовиќ во составот, сам играше Стипе Мандалиниќ, кој постигна 10 гола, а по три имаа Маџовски, Граѓан и Периќ. Кај противникот Сунајко постигна осум, Ѓор имаше седум од седум.
 
Е. Пелистер остана на 10 бода, но имаше среќа што Спортинг киксна во Атина и загуби од АЕК со 25-24, па не го престигна македонскиот тим. Во последното коло, идната недела, „пелистерци“ ќе имаат можност да го сочуваат второто место во групата Д на дуелот против АЕК во Битола.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе