РК Вардар

Скубе: Самсоненко веќе нема да биде дел од Вардар!

Ракометарот на Вардар, Сташ Скубе во интервју за „Балкан-хендбол“ изјави дека Сергеј Самсоненко нема веќе да биде сопственик на клубот. 

Поради коронавирусот спортот е во застој, ракометарите на Вардар кои бранат повеќе трофеи не се во акција, непознато е кога сезоната ќе продолжи и дали воопшто ќе се одигра докрај.
 
Оваа сезона за Вардар е лоша и без коронавирусот, ракометарите долго време немаа замено плата, многумина си заминаа, атмосферата е лоша, а функционирањето на клубот е доведено во прашање и покрај најавите за спаси по освоената титула во ЛШ.
 
Скубе во интервју за „Балкан-хендбол“ вели дека Сергеј Самсоненко нема да биде во Вардар следната сезона.
 
„Тешко ни е. Го сакаме ракометот но треба некако и да се преживее. Ние не сме фудбалери или кошаркари кои заработуваат милиони. По трофејот во Келн ни беше кажано дека сè ќе се среди, дека Вардар повторно ќе биде силен, но ништо од тоа не се случи. Оптимист сум и верувам дека работите ќе бидат подобри. Тие што останавме во клубот треба до крај да одиграме чесно, а потоа ќе видиме. Знаеме дека Сергеј веќе нема да биде во клубот, искрено не можам да ви кажам како ќе биде и што ќе биде следната сезона. Се надевам дека ќе се најде некој кој ќе го врати Вардар онаму каде што заслужува бидејќи Скопје живее за ракометот“, изјави Скубе.
 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе