ЕП во ракомет за жени 2022

Ристовска: Во оваа генерација има многу талентирани ракометарки

Најдобрата македонска ракометарка, Сара Ристовска се заблагодари на Ракометната федерација на Македонија затоа што со организацијата на Европското првенство овзможи и учество на Македонија на континенталното натпреварување. 

Женската ракометна репрезентација по долго време ќе игра на едно сениорско големо натпреварување. Ние сме еден од домаќините на шампионатот, па автоматски ни следуваше место на првенството.
 
 „Јас сум дел од репрезентацијата 10 години, игравме претквалификации и квалификации, но никогаш не сме биле на првенство. Големо благодарам до РФМ што ни овозможи и го прифати предизвикот да бидеме дел од ЕП. Имаме подмладување во репрезентацијата и сега е многу полесно затоа што со Савевски сите кадетки, се дел од сениорите и се гледа голем напредок, бидејќи ние се собираме на два месеци и можам да кажем дека има напредок, се надевам ќе се покаже на првенството“, вели Ристовска.
 
„Ова треба да претставува голем развој во македонскиот ракомет, затоа што првенството е дома и голема мотивација пред домашната публеика. Треба да биде развој за македонскиот ракомет во иднина. Има доста талентирани ракометарки и мислам дека ова наша генарација ќе биде успешна како онаа на Нацева и ќе направиме некаков успех. Имам апел да нема притисок од новинарите, бидејќи ова е наше прво првенство и тоа дома. Никогаш не давам одговори дали ќе победиме со Франција, Холандија или Романија. Само работиме, имаме разбирање меѓу себе, дисциплина, без притисок, да не бодрите и да бидете наш осми играчи и верувам дека ќе имаме голем успех“.

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе