Поранешен соиграч на Талески

Ракометар на Рајн Некар е заразен од коронавирус

Поранешниот соиграч на Филип Талески, ракометарот на Рајн Некар, Мадс Менсах е заразен со вирусот КОВИД-19. 

Данскиот репрезентативец е првиот ракометар од Бундеслигата кој е заразен со коронавирусот.
 
29-годишниот ракометари имал симптоми на грип по што му бил извршен тест и било откриено дека има коронавирус.
 
Тој во моментов се чувствува добро и во моментов се наоѓа во изолација.
 
Во постојан контакт сме со нашиот лекарски тим, здравственото оделение и властите, ќе направиме се што е во наша моќ да го успориме ширењето на вирусот. Свесни сме за своите обврски и одговорности во овој тежок момент. Здравјето на нашите ракометари и работници е наша примарна цел“, изјави генералната директорка на клубот, Левена Џенифер Катерман.
 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе