Европска лига

Рајн Некар е пресилен за Еурофарм Пелистер, нов пораз на битолскиот тим

Еурофарм Пелистер беше немоќен на гостувањето кај Рајн Некар Левен кој ја оправда улогата на фаворит и лесно со 28:20 дојде до триумф во меч од Европската лига. 

Во третиот натпревар од Европската лига, Еурофарм Пелистер го забележа вториот пораз, овој пат беа очекувано поразени од силниот тим на Рајн Некар Левен кој во моментов е лидер во Бундеслигата.
 
Натпреварот почна рамноправно, се играше гол за гол до 4-4, потоа Рајн Некар направи серија од 3-0, се одлепи и ја сочува таа предност до крајот на првото полувреме, на пауза се замина со водство на Германците од 14-11.
 
Во вториот дел Рајн Некар ја зголемуваше предноста, највисокото водство им беше девет разлика, кое го имаа на двапати во финишот, на крајот победија со 28-20.
 
Матео Мараш со пет гола беше најдобар кај Пелистер, Периќ погоди четири пати. Во составот на Рајн Некар, Фајгел даде седум гола, Генсхајмер шест.
 
Во следното коло Еурофарм Пелистер повторно гостува, овој пат кај Тримо Требње.

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе