Промовирана автобиографијата на Кирил Лазаров - „Секогаш на победа“

Синоќа во хотелот „Александар Палас“ беше промовирана автобиографијата на нашиот најдобар ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров. 

Пред крајот на својата богата ракометна кариера, капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров издаде автобиографија насловена по неговото животно мото, „Секогаш на победа“.
 
Автобиографијата е напишана во соработка сос српскиот ракометен новнар, Жика Богдановиќ, основач на регионалниот ракометен портал „Балкан-Хандбал“.
 
Лазаров на промоцијата истакна дека во автобиографијата има многу возбудливи детали и стои зад напишаното.
 
„Сите Македонци знаат многу работи за мене, но во книгата ќе може да прочитате многу работи кои не сте ги знаеле“, порача Лазаров.
 
Лазаров преку Пелистер, Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона до Нант стигна до ракометните височини.
 
На промоцијата присуствуваа ракометни авторитети како Пепи Манасков, Стевче Стефановски, Иван Марковски, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, Каролина Гочева, Симон Трпчевски и многу, многу други...
 

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе