Гаџа се повреди кон крајот на минатиот месец при настап за Хрватска во квалификациите за Европското првенство против Словачка. Серијата лекарски прегледи покажаа дека му настрадале предните вкрстени лигаменти.
Тој наскоро ќе биде опериран, а потоа следува период на рехабилитација кој трае најмалку шест месеци. Тоа значи дека Гаџа ќе пропушти добар дел од следната сезона.
Гаџа во март годинава потпиша нов договор со Вардар по добрите игри дотогаш, но повредата ќе биде сериозен удар за црвено-црните кои нема да можат да сметаат на него за групната фаза во Лигата на шампионите следната сезона.
Легенда под Главна слика
Фото: РК Вардар