Во натпревар кој се решаваше по продолженија, Норвешка со 34-33 го победи Исланд и го освои петтото место на Европското првенство.
Тоа значи дека Исланд е една од можни пречки на ракометната репрезентација на македонија за пласман на Светското првенство.
Покрај Исланд, потенцијални противнизи на Македонија за вториот бараж се и Германија, Хрватска, Русија, Холандија, Црна Гора, Чешка, Србија и Унгарија.
За Македонија да дојде до тој бараж треба да го помине првиот бараж каде ќе играме со некој од Швајцарија, Романија, Грција, Израел, Естонија, Финска, Италија, Фарски Острови и Белгија.