Лига на шампиони

Познат составот на Вардар за мечот со Мотор

Вардар со многу проблеми пред денешниот меч од Лигата на шампионите против Мотор Запорожје, но составот е доволно добар за да се победи украинскиот тим. 

Само неколку дена пред дуелот со Мотор, Даинис Криштопанс и Павел Атман си заминаа од Вардар. Видно е разочарувањето кај ракометарите на европскиот шампион кои мака мачат со неисплатени плати.
 
Но и покрај тоа, Вардарци ќе се обидат да дојдат денеска до победа која ќе биде многу значајна за пласманот во следната фаза.
 
Од оние кои останаа во клубот, Стевче Алушовски единствено нема да може да смета на Кристијан Дисингер кој е повреден.
 
Натпреварот меѓу Вардар и Мотор се игра денеска (сабота) со почеток од 17:30 часот.
 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе