Европска лига

Пораз на Еурофарм Пелистер во Швајцарија кој му го носи Магдебург за противник во следната фаза

Еурофарм Пелистер со 29-26 загуби на гостувањето кај Кадетен Шафхаузен и остана на четвртото место во групата кое му носи осминафинале против Магдебург. 

Битолскиот тим имаше очаен старт во нападот, првиот гол го постигнаа во осмата минута. Одбраната беше солидна, но тешко се постигнуваа голови. До средината на првото полувреме Еурофарм Пелистер имаше дадено само два гола, а примено пет. Сепак и покрај таквиот неефикасен почеток на мечот, на полувремето се замина со водство на Кадетен од 16-12.
 
Во второто полувреме домаќините ја одржуваа предноста, стигнаа и до највисоки шест голови, Еурофарм Пелистер се обидуваше да го направи понеизвесен финишот, но не успеаа, на крајот Кадетен победи со 29:26.
 
Најефикасен во македонскиот тим беше Периќ со седум голови, Граџан постигна шест. 
 
Ова беше и последниот меч од групната фаза за Еурофарм Пелистер кој го освои четвртото место и во осминафиналето ќе игра против силниот тим на Магдебург.
 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе