Лига на шампиони

Поради позитивни случаи на ковид-19, Вардар го откажа гостувањето во Париз

Мечот од Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Вардар нема да се одигра откако во македонскиот тим се појавија неколку позитивни случаи на ковид-19. 

РК Вардар соопшти дека во тимот има ракометари заразени од коронавирус, и ќе се бара друг термин за мечот со ПСЖ.
 
„Планираното гостувања во Париз кај ПСЖ од групната фаза на ЕХФ лигата на шампионите нема да се реализираат. За одигрување на истиот меч ќе се бара друг термин и координација со двете екипи. Првично мечот требаше да се игра на крајот на октомври, но тогаш беше откажан.
 
По враќањето од Кјелце, Полска каде Вардар 1961 во средата го одигра својот меч од ЕХФ лигата на шампионите, еден наш ракометар се пожали на зголемена телесна температура. Истиот беше тестиран по што беше утврдено дека има позитивен тест.
 
Веднаш беше тестирана целата експедиција што беше во Полска и позитивни тестови имаа уште неколку наши членови. Според протоколите сите ќе бидат во изолација како што е прошишано од здравствените власти.
 
Со оглед на фактот што здравјето на спортистите е најважно за резултатите од тестирањето ги информиравме ЕХФ и клубовите со кои сме играле. Вардар1961 и Кјелце одиграа два натпревари меѓусебе во изминатиот период. Прво на 19 ноември во Скопје, а потоа на 25 ноември во Полска.
 
Планирано беше во следниот период Вардар 1961 во следниот период да одигра три натпревари, два на гости против ПСЖ и Порто, и потоа на 10 декември со ПСЖ на гости“, стои во соопштението на Вардар.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе