Почнува јубилејниот 50. ракометен турнир во Струга

Денеска започнува ракометниот „Струшки турнир“ со своето јубилејно 50. издание, Вардар го брани пехарот. 

Најдобрите македонски ракометни екипи, заедно со неколку странски тимови ќе се борат за трофејот на престижниот меѓународен турнир кој традиционално се игра крај Орхидското езеро.
 
На турнирот учествуваат осум екипи поделени во две групи. Во групата А се: Струга, АЕК Атина, Татран Прешов и Еурофарм Пелистер, во групата Б се: Вардар, Бутел, Целје и Алкалоид.
 
Турнирот ќе го отворат домаќинот, Струга и Пелистер, во 17 часот, а до крајот на денот ќе играат и Вардар - Алкалоид (19.00) и Бутел -Целје (21.15ч.). Меѓу вториот и третиот натпревар ќе се случи и мала церемонија на свечено отворање.
 
Вардар е бранител на трофејот од минатото издание на турнирот.
 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе