ЕП 2022

По голема борба Македонија загуби од Словенија

Македонската ракометна репрезентација со пораз го почна настапот на Европското првенство, по голема борба загубивме од Словенија со 27-25. 

Македонските ракометари одиграа храбро, борбено против силниот противник, но направивме многу грешки кои на крајот нè чинеа пораз од Словенија.
 
Словенците влегоа како голем фаворит, но нашата репрезентација иако без капитенот Кире Лазаров кој се повреди пред мечот, покажа дека има сериозен потенцијал и може да се носи со најквалитетните селекции.
 
Македонија имаше одличен старт на мечот, поведовме со 3-0, имавме и 4-1 кога следуваше црна дупка. Словенија направи серија од 6-0 и поведе со 7-4.
 
Но таквата серија не нè обесхрабри, избраниците на Кире Лазаров се вратија во мечот, израмнивме на 8-8, се играше гол за гол се до финишот на првото полувреме кога Словенија со серија од 3-0 се одлепи и на одморот замина со предност од 13-10.
 
Големата битка продолжи во второто полувреме, Словенија на почетокот се одлепи на пет разлика, но повторно се вративме, неколкупати дојдовме на -1, но не успеавме да го свртиме мечот, на крајот загубивме со 25-27.
 
Впечатокот е дека сè ќе беше поинаку доколку имавме помалку грешки, можевме да дојдеме и до голема победа, но македонските ракометари одиграа храбро и борбено, а тоа може да радува.
 
Овој пораз може да значи крај на настапот на Европското првенство во групната фаза, тешко е да се очекува победа над Данска, но ќе се надеваме додека имаме шанси.
 
Мартин Томовски имаше фантастичен меч со 14 интервенции, одличен беше и Цветан Кузмановски кој постигна 8 голови, Филип Кузмановски постигна пет. Кај Словенија Доленец даде пет гола, пред Благотиншек со четири
 
Следниот натпревар на Македонија е против Црна Гора во сабота со почеток од 18 часот.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе