РК Вардар

Павел Андреев е нов ракометар на Вардар

29-годишниот руски ракометар Павел Андреев е нов ракометар на Вардар, потврди македонскиот шампион. 

Андреев доаѓа од тимот на Чеховски Медведи и игра на позицијата пивот. Тој игра во два правци и во напад и во одбрана.
 
Во сезоната 2019/20 беше избран за најдобар дефанзивец во руската Суперлига, а со Чеховски Медведи досега има освоено 7 шампионски титули, 4 во Купот на Русија и 7 во Суперкупот.
 
Тој е четврто засилување за Вардар за идната сезона, претходно клубот потпиша со десниот бек Цехте, средниот бек Анѓелиќ и левиот бек Дуарте.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе