Се уште нема официјална информација дека натпреварот меѓу ПИК Сегед и Вардар ќе биде одложен, но сите индиции укажуваат на тоа.
Тестирањето кое Вардарци мораа да го направат пред да заминат за Унгарија е откажано, а тоа значи дека нема да патуваат за Сегедин.
Причината поради која нема да се игра мечот е ситуацијата со коронавирусот во ПИК Сегед, дури седум ракометари се заразени со ковид-19, имаат и тројца повредени, па немаат доволно играчи од првиот тим за да го одиграат мечот.
Натпреварот требаше да се игра во четврток со почеток од 18:45. Наскоро се очекува одлуката за одложување да биде соопштена и од ЕХФ.