Натпреварот ќе се одигра за време на подготовките на ракометната репрезентација за Светското првенство. Тоа треба да биде ревијален дуел меѓу актуелниот состав на ракометари и тим составен од поранешни македонски репрезентативци.
На натпреварот ќе се слави јубилејот 30 години машка репрезентација, а свечено од репрезентативниот дрес ќе се збогуваат и Кире Лазаров и Стојанче Стоилов.
Мечот ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ и треба да биде вистински ракометен празник. Збогум за оние кои си одат и поддршка за тие што ќе играат на престојното Светско првенство.