Европска лига

Нов срамен пораз на Металург во Европа, тимот од Автокоманда прими 45 голови!

Металург доживеа вистински дебакл на гостувањето кај Фиверс откако загуби со 45-30, ова се најмногу примени голови на еден меч во Европа во историјата на металурзите. 

Металург уште еднаш го проби дното, па во Скопје се враќа со уште поголем дебакл од она што се случуваше во Плоцк. Тимот во Виена отпатува со оптимизам, а доживеа срам.
 
Домаќинот изгледаше совршено на почетокот, веднаш создаде огромна предност, до половина од полувремето не промашија ниту еден шут, имаа 13 од 13 што е неверојатно. На одморот се замина до 22-13 за Феверс.
 
Во вториот дел Дупјачанец бранеше, дојде и до 14 интервенции на крајот, но Металург во нападот грешеше, па примаше лесни и брзи голови од контри. На крајот прими неверојатни 45 голови и загуби со 15 разлика.
 
Поповиќ со 15 голови беше најефикасен во составот на Металург, пет погодоци постигна Шилегов, Серафимов четири. 

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе