РК Металург

Нов позитивен случај на ковид-19 во Металург, клубот оди во изолација

Ракометниот клуб Металург оди во двонеделна изолација откако во клубот се појави уште еден позитивен случај на коронавирус. 

Вечерва пристигнаа резултатите за втор заразен од ковид-19 во Металург, клубот го одложи мечот против Младост Богданци, а претседателката Зорица Блажевска соопшти дека сите одат во карантин.
 
„Поради втор позитивен случај со симптоми дијагностициран денес, а за кого резултатите од тестот пристигнаа во 19 часот, ја одложивме средбата со Младост од Богданци. Целиот тим на Металург, вклучително и стручниот штаб, ќе оди во изолација од 14 дена, поради незаштитен контакт со позитивниот случај. Секако ќе бараме одложување и на натпреварот со Висла во Лигата на Европа“, изјави претседателката на Металург, Зорица Блажевска.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе