По убедливата победа на Шведска над Иран од 39-19, јасно беше дека Македонија нема шанси со пораз од Исланд да се пласира во четвртфиналето на СП, моравме да освоиме бод за да играме со осумте најдобри.
Исланд постојано водеше во текот на мечот, на полувремето имаа предност од 13-10, Македонија се бореше максимално, во еден момент дојдовме на еден негатива 19-20, но противникот беше поквалитетен и на крајот победи со 25-22.
Бојана Коцева со шест погодоци беше најефикасна на овој меч за Македонија.
Исланд го освои првото место во групата со максимален учинок, Шведска и Македонија имаат исто бодови, но Швеѓанките имаат подобра гол разлика па тие се на второто место.
Нашата репрезентација ќе разигрува за пласман од 9 до 12 место.
Легенда под Главна слика
Фото: РФМ