Честитка од директорот на АМС

Мојсовски за ракометната репрезентација: Тимска работа, посветеност и љубов

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски кој порано беше многу значаен дел од македонската ракометна репрезентација, го честиташе пласманот на Мундијалот. 

Македонските ракометари синоќа ја победија Чешка и по осми пат се пласираа на Светско првенство, шесто по ред.
 
Наумче Мојсовски многу добри ги познава хероите од ракометниот терен, па неговата честитка има вредност.
 
„Браво за нашите македонски ракометари! Извонредна игра со која Македонија ја носат на Светско првенство! Ова е огромен успех за сите! Тимска работа, посветеност и љубов! Нашата репрезентација има сѐ што е потребно за да нѐ прави горди“, вели Мојсовски.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе