МАКЕДОНЕЦОТ ОСТАНУВА ВО БУНДЕСЛИГАТА

Миркуловски го продолжи договорот со Вецлар

Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Миркуловски стави потпис на нов договор со бундеслигашот Вецлар па и следната сезона ќе го носи зелениот дрес.

Миркуловски останува во Бундеслигата и следната сезона откако стави потпис на нов едногодишен договор со Вецлар.
 
Среќен сум што останувам во Вецлар, чест ми е да го носам дресот на овој клуб. Навистина ми е одлично во овој клуб и овој град, и мене и на моето семејство. Одлична е и атмосферата во клубот и тоа е многу важно. Навивачите се фантастични а ние професионално си ја вршиме работата. Мило ми е што сум дел од овој проект на Вецлар“ - изјави Миркуловски за официјалниот сајт на клубот.
 
Со потписот на новиот договор се става крај на неизвесноста околу иднината на Миркуловски, германскиот клуб ги цени одличните партии на Македонецот.

Изразено ниската вредност на вложување во науката и истражувањата во Македонија е јасен знак за отсуство на грижа на државата за овие суштински дејности. 

повеќе

Последните 11 години Македонија е окована во аграрен, ксенофобичен и социо-економски популизам, кој не се однесува на интересите и потребите на граѓаните, туку на оние кои се повинуваат на волјата на елитата.

повеќе

Политичарите изразуваат „загриженост“ за аерозагадувањето на начин што нѐ оддалечува од наоѓањето решенија, наместо да не доближува.

повеќе