ЕХФ Евро куп

Македонските ракометарки загубија од Норвешка, но не разочараа

Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби од актуелниот европски и светски шампион, Норвешка со 24-18 во меч од рамките на ЕХФ Евро купот кој се играше во салата „Борис Трајковски“. 

Фото: РФМ
Норвешка во Скопје допатува со подмладен состав, но и покрај тоа оваа селекција важеше за апсолутен фаворит против ракометарките на Љубомир Савевски кои имаат тенденција на напредок во последно време.
 
Така беше и денеска, Македонија беше рамноправен противник на Норвешка во најголемиот дел од мечот. Имавме реми 14-14 кога противникот поради поширокиот ростер на квалитетни ракометарки почна да се одлепува. До крајот на мечот тие направија серија од 8-2 и победија со 22-16.
 
Јована Саздовска со шест голови беше наша најефикасна ракометарка, Јанеска постигна четири, а Сара Ристовска три. Одлична беше нашата голманка Мицевска која одбрани 14 пати.
 
Македонија во недела со почеток од 16 часот гостува кај Норвешка во последниот меч од групата. Норвежанките се на првото место со десет бодови, ние сме последни без бодови.

Легенда под Главна слика

Фото: РФМ

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе