Македонските ракометарки повторно загубија од Словенија

Женската ракометна репрезентација го забележа четвртиот пораз во четвртиот натпревар во Евро купот, повторно сме поразени од Словенија, овојпат на наш терен со 20-27. 

Фото: РФМ
Македонските ракометарки не успеаа да ја повторат добрата партија од Целје каде беа на чекор до реми. Денеска избраничките на Љубомир Савевски во салата „Борис Трајковски“  доживеаа пораз од седум голови разлика.
 
Словенија постојано водеше, Македонија имаше проблем со реализацијата, во првата половина од првото полувреме не реализиравме дури три пенали. Словенките најчесто водеа со 2-3 разлика, но дојдовме до 11-11. Сепак Словенките на одмор заминаа со предност од 13-11.
 
Во вториот дел Словенија брзо се одлепи на пет голови разлика и веќе беше јасно дека тие ќе го добијат овој дуел, прашање беше само со колку голови разлика. Конечниот резултат беше 27-20 за Словенија.
 
Најефикасна наша ракометарка беше Сара Ристовска со седум голови, Гичевска даде четири. Кај Словенија Ана Грос со седум и Нина Зулиќ со пет беа најдобри.
 

Легенда под Главна слика

Фото: РФМ

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе