Македонските ракометарки не успеаа да парираат на силната Холандија, и вториот натпревар покажа дека сме далеку од женскиот ракометен крем.
За разлика од мечот против Франција, Македонија денеска беше поефикасна во првото полувреме, а нападот затаи во вториот дел.
И овојпат уште на самиот почеток беше јасно дека ќе го загубиме мечот, Холандија тргна моќно, поведе со 6-1 и потоа само ја зголемуваше предноста. На одморот Холанѓанките водеа со 17-9.
Македонија добро го почна второто полувреме, но откако го постигнавме 14. гол застанавме, до крајот на мечот следуваше серија на Холандија од 9-1 за конечна победа од 30-15.
Сара Ристовска со четири гола беше најефикасна во нашата селекција, по двапати погодија Гичевска, Саздовска, Јаневска и Кирпијановска. Во составот на Холандија Смитс постигна седум голови, Бонт даде шест.
Следниот натпревар на Македонија е против Романија во среда од 18 часот.