Избраниците на Кире Лазаров не одиграа лош меч, но многуте грешки кои ги направија не дозволија да дојдеме до посакуваниот резултат.
Особено бевме добри во текот на првото полувреме кога имавме предност и од три голови разлика, имавме 8-5, сепак Србија го сврте мечот и на одморот замина со позитива од 15-13.
Кризата во македонската игра продолжи и во второто полувреме, Србите ги казнуваа нашите грешки и ја зголемуваа предноста, на крајот тие дојдоа до победа од 34-29 и го освоија бронзениот медал.
Костадин Петров со пет гола беше прв стрелец, Петар Атанасијевиќ постигна четири. Со две победи и три порази, македонската репрезентација на четвртото место го заврши настапот на Медитеранските игри.