Медитерански игри

Македонските ракометари ќе играат во полуфинале на Медитеранските игри

Македонија ќе има шанси да дојде до третиот медал на Медитеранските игри кои се одржуваат во Алжир и тоа во ракомет откако нашата репрезентација избори полуфинале против Египет. 

Поразот на Алжир од Шпанија ја однесе Македонија до полуфиналето на Медитеранските игри.
 
Во последното коло од групната фаза Шпанците со убедливи 31-19 го совладаа домаќинот на игрите и овозможија на нашата репрезентација борба за медал.
 
Македонија и Алжир во својот меч одиграа нерешено 24-24, па гол разликата која беше во наша полза одлучуваше кој ќе оди во полуфиналето.
 
Противник на Македонија во полуфиналето ќе биде Египет кој беше прв во групата А, во другиот дуел играат Шпанија и Србија.
 
Мечот меѓу Македонија и Египет се игра во понеделник од 14 часот.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе