„Таборот што ја поддржува војната е исклучително гласен бидејќи го поддржуваат светските медиуми и невладините организации, но мораме да бидеме погласни кога го поддржуваме мирот“, рече Сијарто, пренесува унгарската МТИ.
Тој оцени дека сегашните времиња, повеќе од кога било, го нагласуваат поголемото значење на билатералните односи меѓу Кина и Унгарија, кои годинава слават 75 години дипломатски односи.
Тој додаде дека се надева оти Будимпешта може да продолжи да се потпира на „кинеската посветеност за обезбедување мир“.