Кадетско СП Скопје 2022

Македонија убедливо го победи Иран и го освои првото место во групата

Македонските ракометарки до 18 години со 31-19 го победија Иран и го заверија првото место во групата со максимален број на победи, три од три, во главната фаза вкрстуваат со Шведска и Исланд. 

Иран одигра одлично против Узбекистан и Сенегал па се очекуваше да ни пружат посилен отпор, но противникот на Македонија се држеше едно полувреме.
 
Избраничките на Љубомир Савевски на полувремето отидоа со предност од 11-8. А во вториот дел постигнавме дури 20 голови и на крајот го добивме мечот со 31-19.
 
Теодора Дукоска беше најдобар стрелец со шест погодоци во нашата репрезентација, а по четири дадоа Младеновска, Борјана Коцева, Ризоска и Јанкуловскa.
 
Македонија како прва, а Иран како втора селекција од групата Б продолжуваат во главната фаза каде вкрстуваме со Исланд и Шведска кои доаѓаат од групата А. Првото и второто место од новоформираната група одат во четвртфиналето. 
 
Македонија и Исланд во новата група почнуваат со по два бода, бидејќи ги добија дуелите со Иран односно Шведска, од тие дуели ги пренесуваат бодовите.
 
Македонија утре од 20:30 часот игра против Шведска, а во петок играме против селекцијата на Исланд.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе