Ракометарките на Узбекистан изненадувачки добро го почнаа натпреварот, имаа водство од 8-3. Како одминуваше мечот Македонија успеа да ја анулира негативата и дојде до 13-13. На одморот заминавме со водство од 20-19.
За разлика од првото полувреме, во вториот дел стартувавме многу подобро, поведовме со 25-20, до крајот го контролиравме резултатот, постепено го зголемувавме и дојдовме до победа од 38-30.
Најдобра беше Бојана Коцева со девет гола, Емилијана Ризоска даде осум погодоци.
Последниот меч од првата фаза Македонија го игра во вторник против Иран со почеток од 20:30 часот.
Легенда под Главна слика
Фото: РФМ