Кадетско СП Скопје 2022

Македонија со убедлива победа над Узбекистан го завери пласманот во главната фаза на СП

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија со убедливи 38-30 ја победи селекцијата на Узбекистан и обезбеди место во главната фаза на Светското првенство кое се игра во Скопје. 

Фото: РФМ
Ракометарките на Узбекистан изненадувачки добро го почнаа натпреварот, имаа водство од 8-3. Како одминуваше мечот Македонија успеа да ја анулира негативата и дојде до 13-13. На одморот заминавме со водство од 20-19.
 
За разлика од првото полувреме, во вториот дел стартувавме многу подобро, поведовме со 25-20, до крајот го контролиравме резултатот, постепено го зголемувавме и дојдовме до победа од 38-30.
 
Најдобра беше Бојана Коцева со девет гола, Емилијана Ризоска даде осум погодоци.
 
Последниот меч од првата фаза Македонија го игра во вторник против Иран со почеток од 20:30 часот.
 

Легенда под Главна слика

Фото: РФМ

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе