Кадетско СП Скопје 2022

Македонија со убедлива победа над Сенегал го почна кадетското СП

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија со убедливи 32-13 го победи Сенегал во првиот настап на Светското првенство кое се одржува во Скопје. 

Мечот беше одложен за еден час бидејќи Сенегалките на скопскиот аеродром пристигнаа во 19:30 часот и веднаш се упатија во СЦ „Борис Трајковски“, практично од авион на терен.
 
Македонија е секако поквалитетна селекција, а кога на тоа ќе се додаде и уморот на ракометарките на Сенегал, победата беше лесна.
 
Македонија имаше убедливи 17-7 по првото полувреме, во вториот дел ја зголемувавме предноста до конечни 32-13.
 
По пет голови постигнаа Дускоска, Ризоска, Бојана и Борјана Коцева.
 
Во нашата група Б Македонија и Иран имаат по една победа, а Сенегал и Узбекистан по еден пораз.
 
Следниот меч на Македонија е против Узбекистан, вечерва во 20:30 часот.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе