Кадетско СП Скопје 2022

Македонија со гол во последните секунди дојде до реми против Шведска

Македонската кадетска репрезентација одигра нерешено, 20-20 против Шведска и освои бод кој носи големи шанси за пласман во четвртфиналето на Светското првенство. 

Фото: РФМ
Македонските ракометарки до 18 години имаат големи шанси да ја поминат и главната фаза на Светското првенство кое се одржува во Скопје и да се пласираат во четвртфиналето.
 
Денеска имавме шанси и за победа против Шведска, но на крајот треба да бидеме задоволни со ремито бидејќи тоа беше изборено со гол во последните секунди.
 
Шведска подобро го отвори мечот, имаше водство од 6-2, но во вториот дел од првото полувреме паднаа, па ние не само што ги стигнавме туку на полувремето Македонија замина со предност од 12-10.
 
Вториот дел почна со голем пад на Македонија, за 17 минути игра имавме дадено само три гола, Шведска лесно го врати водството. Беше 19-19 кога во последната минута Швеѓанките дадоа гол за 20-19, нам ни останаа уште неколку секунди за напад, а во нив Дукоска даде гол и израмни на 20-20.
 
Дукоска и Велкова беа најефикасни во македонскиот состав со по три гола, додека Јовановска запиша 11 интервенции.
 
Со овој бод Македонија има реални шанси да се пласира во четвртфиналето, доколку останеме непоразени против Исланд во петок, одиме сигурно во елиминационата фаза, доколку загубиме а Шведска го совлада Иран, ќе одлучува гол разликата.

Легенда под Главна слика

Фото: РФМ

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе