Македонија почнува нов квалификациски циклус, целта е јасна, да се продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања.
Овојпат без Кире Лазаров, Филип Миркуловски и Стојанче Стоилов, со подмладена селекција ќе се обидеме да дојдеме до континенталното натпреварување.
Покрај Луксембург во нашата група се уште и Португалија и Турција. Првите две селекции од сите осум групи се пласираат на Европското првенство, плус и половина од третопласираните. Тоа значи дека шансите за кикс се минимални, се освен сигурен пласман на ЕП би било големо изненадување.
Македонија вечерва е огромен фаворит против Луксембург со кој досега имаме одиграно четири дуели, во сите нив сме излегле како победници.
Познат е и составот со кој Кире Лазаров ќе му се спротивстави денеска на Луксембург. Изненадување е тоа што Марко Кизиќ доби шанса пред Мартин Томовски но можно е да се работи и за мала повреда на голманот на Вардар. Првиот голман меѓу стативите секако е Никола Митревски.
