Медитерански игри

Македонија промаши пенал за победа во последните секунди, реми со Алжир

Ракометната репрезентација на Македонија пропушти голема шанса да го совлада домаќинот Алжир, мечот заврши 24-24, а ние имавме пенал во последните секунди но Џонов не го реализираше. 

По убедливата победа над Грција, малку фалеше македонските ракометари да дојдат до триумф и над Алжир, за жал шансата која ја имавме пред самиот крај, ја пропуштивме.
 
Натпреварот беше неизвесен во целиот тек, но и двете репрезентации имаа свои периоди. Првото полувреме заврши 15-15.
 
Во вториот дел Алжирците отворија со 3-0 и поведоа со 18-15, но потоа застанаа. Македонија за некое време дојде до водство од три разлика 22-19.
 
Репрезентациите продолжија да си ги менуваат периодите, па Алжир со серија од 5-0, дојде до предност од 24-22. Следуваа два гола на Македонија и напад за победа. На секунди до крајот имавме пенал, но Џонов не го реализираше и мечот заврши 24-24.
 

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе