Иако се уште не се знаат сите учесници на Светското првенство, Меѓународната ракометна федерација ги одреди шеширите за ждрепката. Македонија ќе биде влечена од вториот шешир бидејќи го презема рејтингот на Чешка.
На Светското првенство ќе има осум групи составени од по четири репрезентации. Во втората фаза одат најдобрите три селекции од секоја група и вкрстуваат со три најдобри од друга група.
Во шеширот на Македонија се Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора и Полска, а тоа значи дека ниту една од овие селекции нема да ни биде противник.
Шешир 1: Данска, Шведска, Норвешка, Франција, Шпанија, Исланд, Германија, Африка 1
Шешир 2: Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора, Полска, Македонија
Шешир 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Чиле, Африка 3
Шешир 4: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Јужна Кореја, Северна Америка и Кариби 1, вајлд карта 1, вајлд карта 2