Бараж за СП 2023

Македонија ќе игра против Украина во баражот за СП 2023

Женската ракометна репрезентација на Македонија ја доби Украина како противник во баражот за пласман на Светското првенство во 2023 година. 

На денешната ждрепка која се одржа во Љубљана, Македонија беше влечена од садот на фаворитите, можевме да поминеме и полесно ако добиевме селекција како Косово, Грција, Италија... но можевме да добиеме и многу посилен ривал од Украина која ја добивме.
 
Сепак, Украинките немаат настап на големите собири од 2014 наваму и се соочуваат со еден пад во женскиот ракомет сличен на оној што ја снајде Македонија по 2012 година, затоа шансите за наша победа не се безначајни. 
 
Првиот натпревар од баражот ќе се игра во Македонија на 3 или 4 април, а реваншот на 10/11 истиот месец на гостински терен. Македонија има пет учества на СП во женски ракомет, последното во 2007 година.
 
БАРАЖ ЗА СП 2023
 
Турција - Србија
Романија - Португалија
Исланд - Унгарија
Полска - Косово
Италија - Словенија
Германија - Грција
Швајцарија - Чешка
Австрија - Шпанија
Македонија - Украина
Словачка - Хрватска

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе