Квалификации за ЕП 2024

Македонија е во вториот шешир на ждрепката за квалификациите за ЕП 2024

Македонската ракометна репрезентација е сместена во вториот шешир на ждрепката за квалификациите за Европското првенство 2024 година. 

Шеширите ЕХФ ги одреди според ранкингот на репрезентациите.
 
- Прв шешир: Норвешка, Франција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Португалија, Исланд и Австрија
- Втор шешир: Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Македонија, Србија, Швајцарија и Украина
- Трет шешир: Босна и Херцеговина, Литванија, Латвија, Израел, Словачка, Турција, Романија и Грција
- Четврт шешир: Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Италија, Грузија и Луксембург.
 
Ќе бидат извлечени осум групи од по четири репрезентации, првите две од секоја група ќе се пласираат на Европското првенство заедно со четири најдобро третопласирани.
 
Најдобрите третопласирани репрезентации ќе бидат одредени земајќи ги во предвид само дуелите со првопласираните две репрезентации од групите.
 
Квалификациите ќе се играат во три периоди од по два меча, вкупно шест гола.
 
1. коло: 12/13 октомври 2022 
2. коло: 15/16 октомври 2022 
3. коло: 8/9 март 2023 
4. коло: 11/12 март 2023 
5. коло: 26/27 април 2023
6. коло: 30 април 2023 
 
Досега квалификувани се четири репрезентации, Германија како домаќин, бранителот на трофејот Шведска и освојувачите на медали на последното ЕП, Шпанија и Данска.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе