ЕП 2022 ракомет жени

Македонија е подготвена за Европското ракометно првенство

Македонија заедно со Словенија и Црна Гора е организатор на Европското ракометно првенство кое започнува денеска, а од утре почнуваат мечевите во салата „Борс Трајковски“ во Скопје. 

Македонија е домаќин на голем настан, континентален собир на најдобрите женски ракометни селекции.
 
Во салата „Борис Трајковски“ ќе се одиграат натпреварите од групата во која се Македонија, Франција, Холандија и Романија, а потоа ќе се одигра и групата од главната фаза.
 
Првиот натпревар на Македонија е утре (сабота) од 18 часот против селекцијата на Франција.
 
„Во последните 15 години бев дел од Европски и Светски првенства и секогаш одевме таму како навивачи или како претставници на РФМ. Но сега првпат по 14 години сме во позиција ние да го донесеме Европското првенство тука, во нашиот главен град Скопје, во нашата преубава Македонија“, вели претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.
 
„Ова е голема чест за нас и мора да се покажаме на вистински начин, во вистинско светло. Благодарност до сите медиуми, јавноста, ракометните работници, Агенцијата за млади и спорт и сите останати со кои работиме заедно за да изградиме нешто кое ќе биде долготрајно“.
 
„Периодот кој ни следува е оној во кој треба да го потврдиме она кое го градевме во изминтиот период и очекуваме една сплотеност, заедништво и македонската јавност да покаже дека го сака спортот и ракометот. Заедно да ги бодриме девојките, да им ја дадеме нашата поддршка које е многу важна и се надевам дека ќе покажеме дека сме конкурентни“.
 
Поранешната македонска репрезентативка, Гордана Нацева е сегашен амбасадор на Европското првенство.
 
 
„Сите сме свесни колку голема работа ни се случува. Направено е многу. Сега доаѓаат деновите кога треба да уживаме во натпреварите. Сакам да им порачам на младите дека наредните десетина денови најубаво место за излегување ќе биде СЦ „Борис Трајковски“ кој блеска од убавина. Европското првенство се одржува во исклучително важен период за женскиот ракомет кој се обидува да се врати на старите патеки. Можам само да замислам како се чувствуваат ракометарките кои ќе истрчаат на теренот пред полна сала. Сите заедно треба да им ја дадеме нашата поддршка“, вели Нацева.
 
Габриела Хорват како претставничка на ЕХФ во Скопје го најави Европското првенство.
 
 
„По долги подготвки се наоѓаме на прагот на ЕП 2022 на кое ќе бидат домаќини Словенија, Македонија и Црна Гора кои се прекрасни земји. Во наредните денови ќе видиме ракометни ѕвезди кои ќе играат со срце како што вели нашиот слоган и ќе приредат спектакл. Скопје ќе ни понуди интересни натпревари од групната фаза, а потоа и од втората фаза со селекциите кои ќе се борат за завршницата“, вели Хорват.
 
„Скопје е традиционален град кога се говори за ракометот, Македонијза знае да ужива во овој спорт, се надевам дека луѓето кои ќе дојдат да гледаат ќе го видат најдоброто. Сигурни сме дека Македонија ќе понуди одлична организација. Благодарност на сите кои помогнаа во организацијата на овој настан, а на репрезентациите им посакувам среќа“.

Трендот на заминување на младите од родната земја е загрижувачка појава која се случува во Македонија.

повеќе

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе