Норвешка е првиот фаворит во групата, тие ги добивме од првиот шешир. Од третиот ни беше извлечена Аргентина која во изминатите години стана најдобрата селекција од Јужна Америка.
Од последниот шешир ни се падна Холандија која има ракометен прогрес во последниот период кој беше видлив на последното Европско првенство на кое ја совладаа Унгарија и се пласираа во главната фаза.

Нашата репрезентација своите натпревари ќе ги игра во Краков, а познат е и распоредот.
13. јануари Македонија - Норвешка 20:30 часот
15. јануари Македонија - Холандија 20:30 часот
17. јануари Македонија - Аргентина 20:30 часот
Најдобрите три селекции од секоја група се пласираат во главната групна фаза.