СЕХА Лига

Лошо издание на Вардар и висок пораз од Мотор во СЕХА

Шампионот на Македонија, Вардар го забележа првиот пораз оваа сезона во СЕХА лигата откако вечерва одигра лошо на гостувањето кај Мотор Запорожје и загуби со убедливи 30-23.

„Црвено-црните“ одиграа далеку под своето ниво, немотивирано и можеби со половина сила, па убедливиот пораз не е изненадување. Работите беа јасни уште по првите минути, кога Украинците поведоа со 6-0. Момците на Стевче Аулошвски одиграа далеку под своето ниво во првото полувреме па имаа и -8, а на полувремето беше 16-9 за домаќинот.

Мотор во второто полувреме дојде и до највисоките +10 во 43-тата минута. Вардар само малку да ја намали негативата, но во ниту еден момент не го загрижи украинскиот шампион. Конечниот резултат 30-23 само покажува дека овој натпревар повеќе беше обврска за нашиот тим, а не вистински предизвик.

Можеби најпозитивната работа за Вардар од овој дуел е младиот Мартин Карапалевски, кој доби шанса од Стевче Алушовски во второто полувреме и врати со четири голови од четири обиди. По четири голови постигнаа Димитар Димитриоски и Филип Талески, а најефикасен беше Васко Шеваљевиќ со пет погодоци.

Голманите немаа свој ден, особено, бидејќи и одбраната на Вардар не беше на ниво па имаа вкупно осум одбрани, пет на Робин Кантегрел и три на Марко Кизиќ.

Ова е прв пораз на Вардар во СЕХА сезонава по двете победи над Војводина и Нексе.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе