Бараж за пласман на СП

Лазаров: Жал ми е што не победивме, но мора да бидеме задоволни од резултатот

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров вели дека е задоволен од ремито против Чешка, но жали што го пропуштивме големото водство од седум разлика. 

Македонија со одличен резултат се враќа од Чешка, реми 24-24, но има и горчина кај нашите ракометари бидејќи во еден период имавме водство и од седум голови разлика.
 
„Им честитав на момците за борбата, за испочитуваното, за она што го направивме и што го одигравме. Треба да бидеме задоволни, никој не очекуваше дека во некој момент ќе водиме со 17-10. Игравме како по ноти и во одбрана и во напад, но на крај ни се случи пад, којшто ќе не држи многу будни. Јас знам дека можеби и малку ги изненадивме, но знам и дека на реваншот ќе се подготват добро и нема да биде воопшто лесно. Иако имаме добар резултат, позитивен, никогаш сме немале ваков во еден бараж натпревар. Меѓутоа жалам што не победивме, барем, еден гол разлика, мислам дека заслуживме“, вели Лазаров.
 
„Едноставно не знаевме да го приведеме натпреварот до крај, промашивме и зицери, изработени. Тежок натпревар за играње, Чешка е габаритна екипа, физички доста потрошувачки натпревар, па ќе треба добро да се одбориме. Меѓутоа, ова де ми го нудеше некој пред натпревар јас ќе го прифатев со две раце, затоа што ја репсектираме Чешка и Сабате како тренер. Сум задоволен, иако малку имам горчлив вкус, па особено кога ќе го гледам натпреварот. Жал ми е што не знаеме да се израдуваме на ова и што се тажни, но ако се тажни, тоа покажува дека сакаат да победат и тоа ќе не држи будни. Сепак, треба да знаеме дека в недела ќе победи колективот. Треба да имаме добра ротација, квалитетна, да ја почитуваме и само така можеме да направиме добар резултат против една силна европска репрезентација како што е Чешка“
 
„Во Скопје публиката да ни биде ветер во грб, да покажеме кој е најдобар и кој што може. И мене овој резултат ќе ме држи малку буден, мислам дека ќе одигреме квалитетен, машки ракомет, дека ќе бидеме уште поагилни и поцврсти за да се пласираме на Светско првенство. Имаме оценка која поминува за денеска и морам да бидам задоволен“.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе