Капитенот откри зошто ја носи седмицата

Лазаров: Вардар е институција, потребен му е на македонскиот народ

Кире Лазаров вели дека Вардар му е потребен на македонскиот спорт и народ и не смее да згасне. 

Во интервју за хрватскиот медиум „24 сата“, Кире Лазаров зборува и за Вардар кој се наоѓа во тешка финансиска ситуација иако е актуелен Европски шампион.
 
Вардар направи многу, дури и повеќе отколку што се очекуваше. Најголемите заслуги одат за Самсоненко кој вложи многу, работеше паметно и беше многу упорен. Ако политиката се вмеша, ќе биде лошо. Но, Вардар е институција и се надевам дека се ќе биде во ред. Потребен му е на македонскиот спорт и народ“, вели Лазаров за „24 сата“.
 
Тој открива дека седмицата на дресот ја носи поради Тони Кукоч. Прво тренирал кошарка, но се префрлил на ракомет поради неговиот татко.
 
„Прво тренирав кошарка, почнав во пето оделение. Идол ми беше Тони Кукоч и бројот седум на дресот ми е поради него. Поради татко ми се префрлив на ракомет. Тој беше врвен играч, во најдобриот дел од кариерата играше за Вардар во тогашната југословенска лига. Ми беше незгодно поради него, а и нему не му беше сеедно тој да е ракометар, а си му да фрла топка во кош“.
 
Кире Лазаров на 20 години се сели во Загреб, таму игра пет години. Во Загреб е родена и неговата ќерка Лана, вели дека не сакал да го напушти клубот, но прифатил да биде продаден поради финансиската состојба на клубот.
 
„Никогаш не сакав да си одам од Загреб. Но клубот се најде во финансиска криза и ме продаде на Суидад Реал кај Душебаев. Во Загреб живеев добро, се чувствував како дома, но ја прифатив одлуката на клубот и тргнав за Шпанија“.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе